Словенија ќе организира државна комеморација за жртвите од коронавирусот

пред 3 години

Словенија во недела ќе им оддаде почит на луѓето кои починаа од коронавирусот и ќе им изрази сочувство на нивните семејства на меморијалната церемонија во Љубљана, на гробиштата Жале, каде ќе се обрати и претседателот Борут Пахор.

Во паркот на гробиштата ќе биде засадена жална врба во спомен на жртвите на коронавирусот. Дрвото ќе биде благословено од љубљанскиот надбискуп Станислав Зоре, соопшти кабинетот на претседателот Пахор, пренесува агенцијата СТА.

Во недела ќе биде точно една година од смртта на првиот пациент со коронавирус, а до вчера во таа земја починаа 4.163 луѓе, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Scroll to Top