На Плетвар се преврте камион, километарски колони на превојот

пред 3 години

Километарски колони по 16 часот има на планинскиот превој Плетвар, поради превртено тешко товарно возило кај местото Топлица.

-Тешко товарно возило околу 16 часот се преврте на патниот правец Прилеп – Градско кај местото Топлица. Сообраќајот е прекинат за сите видови возила, лесни патнички и тешки моторни возила – камиони, информира АМСМ.

Засега не е позната причината за несреќата, а полицијата прави увид на местото.

Scroll to Top