Двајца повредени во престрелка во скопското село Љубош

пред 3 години

Попладнево околу 13 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во селото Љубош, на регионалниот пат за селата Батинци – Драчево, бил нарушен јавниот ред и мир, од страна на четири лица.

Според информациите од МВР, најпрво дошло до физичка пресметка помеѓу Н.К. (68) и Х.К. (32), кои биле со автомобил „фолф“, од една страна и Н.Р.(48) и М.Р.(30), кои биле со автомобил „шкода“, од друга страна.

При тоа учесниците во пресметката употребиле и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле Н.К. и М.Р., кои биле пренесени во фрадската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Четирите лица се уапсени, а обезбедени се и нивните возила и оружјето. Неофицијално, станува збор за случај кој му му претходел на инцидентот што попладнево се случи пред поранешната градска болница.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Scroll to Top