Николоски: Потребно е власта да обезбеди вакцини за наставниот кадар

пред 3 години

Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Гевгелија посочи дека ќе оствари средба со просветните работници и укажа дека како што стојат работите најверојатно и од септември нема да започне учебната година и ќе имаме трета година по ред во која децата нема да одат во школо.

-Во таа насока сакам да искоментирам дека денеска ќе имаме средба со просветните работници тука од Гевгелија. Како што сега стојат работите најверојатно и од септември нема да се отворат училиштата и ќе имаме трета година во која што целосно или делумно децата не одат во школо и наставата ја следат од дома. Тоа се три изгубени генерации, тоа се три изгубени години затоа што не се создаваат соодветни работни навики кај децата, не се случува социјализацијата која е исклучително потребна баш во фазата на развој на децата и паѓа квалитетот на образование и на знаење, рече Николоски.

Потпретседателот Николоски поради оваа проблематика повика веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар и да може од септември да се отворат училиштата.

-Повикиваме, апелираме веднаш да се обезбедат вакцини за наставниот кадар со цел да можат да се вакцинираат учителите, наставниците и професорите и да може од септември да се отворат училиштата затоа што само така може да имаме здрава нација, додаде Николоски.

Scroll to Top