Николоски: Ова што го прави власта со спорот меѓу Владата е Макептрол АД е исто како промената со името

пред 3 години

„21 час непрекината битка во Собрание! Власта не успеа да го изгласа спорниот законот за преценета продажба на ГА-МА“, пишува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Ќе се обидат пак деновиве, но оваа битка во текот на два дена, две ноќи и едно утро покажа дека против ВМРО ДПМНЕ власта не може! Честитки за големата и силна битка на сите пратеници од опозицијата! Продолжуваме со борбата за правда и борба со криминалот во Македонија!“, истакна тој.

Собранието утрово ја прекина расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје. Законското решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Scroll to Top