Обвинет спроведен од затвор им избегал на полицајците и се сокрил во подрумски простории

пред 3 години

Обвинет за криумчарење мигранти ѝ избегал на затворската полиција која го спровела во Кривичниот суд, а по кратко време, бил пронајден. Неофицијално, лицето било сокриено во подрумски простории. Настанот се случи утрово, а по кратко време лицето беше лоцирано.

Кривичниот суд се огради од криењето на обвинетиот, бидејќи како што велат, лицето им исчезнало на полицајците додека било надвор од затворската зграда.

За спроводот на обвинетиот, кој избега, па се појави, била задолжена затворската полиција на затворот во „Шуто Оризари“. Потврда дека лицето е пронајдено даде и директорот на затворот, Филип Андов.

Scroll to Top