Обвинителството бара притвор за дилер кој во автомобилот криел дрога

пред 4 години

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Осомничениот, на 13 ноември, во своето возило Субару форестер неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 109,59 грама, како и 42,42 грама амфетамин. Најпрвин, при преглед на возилото, на задното седиште била пронајдено помало полиетиленско пакување со бела грутчеста материја. Потоа при претрес и по детекција со службено куче, во импровизирана преграда во контролната табла, под радиото на автомобилот, била пронајдена останатата дрога, информираат од Обвинителството.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​

Scroll to Top