Одреден е домашен притвор за насилниците кои предизвикаа инцидент во Трибека

пред 3 години

Двајцата насилници кои ја започнале тепачката во скопскиот бар Трибека по барање на Обвинителството, добија 30 дневен домашен притвор, дознава „А1он“ од неофицијални извори во ОЈО.

Тие се осомничени за кривичното дело – насилство, а освен тоа, од Обвинителството велат дека тие во јавноста предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

„Осомничените заедно со еден од оштетените влегле во објектот, седнале на маса и го повикале второто оштетено лице да им се придружи. Откако оштетениот им се придружил, еден од осомничените веднаш започнал со тупаници да го удира по лицето. На ваквите дејствија се спротивставило лицето кое заедно со нив влегло во објектот, но осомничените почнале и него да го удираат со тупаници по лицето и носот, нанесувајќи му тешки телесни повреди. Веднаш потоа, еден од осомничените изреволтиран од зборувањето по телефон на една од гостите , започнал вербално да ја навредува, го одзел нејзиниот телефон и го скршил, а потоа започнал да го крши и инвентарот во угостителскиот објект“, велат од Обвинителството.

Scroll to Top