Угостителските објекти ќе работат до 21 часот, се забранува и групирање на повеќе од четири лица по 21 часот

пред 4 години

Владата на денешната седница донесе одлука за скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, како и одлука за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21 часот. Се препорачува граѓаните по 21 часот, и кога не се во група, без поголема потреба да не се движат на јавен простор.

-Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот: се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Тој додава дека на седницата била донесена и одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 21:00 часот.

Владата усвоила и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, по 21 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби.

Scroll to Top