Османи: Ако побараат, Бугарите ќе бидат вметнати во уставот

пред 3 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека ако треба Бугарите ќе бидат споменати во Уставот како посебна етничка заедница, иако досега никој го нема тоа побарано. Минстерот за надворешни работи ја даде оваа изјава во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.

„Бугарите во Северна Македонија треба да се чувствуваат како апсолутно слободни граѓани кои што може да се организираат во колективна заедница и ќе ги имаат сите права, па ако треба и нивно спомнување во Уставот кое што ќе го олесни после нивното организирање“, вели Османи, додавајќи дека нема никаква резерва по однос на прашањето Бугарите да бидат споменати како посебна етничка заденица во Уставот ако тоа им значи.

Османи потврдува дека вакво барање од Бугарија досега немало.

Scroll to Top