Османи на средба со новиот српски министер за надворешни работи: Градиме стабилност и просперитет во регионот

пред 3 години

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари средба со неговиот српски колега Никола Селаковиќ, на маргините на состанокот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, во Анталија, Турција.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата соговорниците ги реафирмирале заемните заложби за одржување континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.

„Ние, земјите од регионот имаме заедничка цел, обединување под капата на ЕУ. Развој на односите и соработката во регионот претставуваат дополнителен поттик за реализација на европската перспектива, но и автеничен извор на стабилност и предвидлива иднина, што е основен интерес на секоја земја од регионот“, нагласил министерот Османи.

Соговорниците ја истакнале и досегашната одлична соработка меѓу двете држави, како и последната одлука на премиерите на Северна Македонија, Србија и Албанија за отворање на границите за непречен проток без потреба од приложување на тестови, почнувајќи од 10 ноември.

Scroll to Top