„Пасат“ на полициски инспектор запален на паркинг во Берово

пред 3 години

Непознат сторител синоќа го запалил автомобилот на полициски инспектор од Берово, кој бил на паркинг во градот. Случајот бил пријавен во беровската полиција, во чија информација доставена до СВР Штип, се вели дека пожарот на возилото од марка „Пасат“ е регистриран синоќа на паркинг во Берово во 02:00 часот по полноќ.

-На 12.02.2021 околу 02.00 часот во Полициската станица Берово, било пријавено дека на улица „Младински кеј”, на паркинг настанал пожар на патничко моторно возило “пасат”, во сопственост на Г.Р. од Берово, се вели во полициското соопштение.

Како што стои во понатамошната информација, пожарот бил изгаснат, а увид на местото на настанот извршила екипа на ОВР Берово. Се работи на расчистување на случајот.

Scroll to Top