Тројца приведени за запалениот „Пасат“ на полициски инспектор во Берово

пред 3 години

Полициски службеници од ОВР Берово ги лишија од слобода О.Д., Б.К. и С.П., сите од Берово, во врска со опожареното патничко возило „пасат“, сопственост на Г.Р. од Берово, на паркинг простор на ул.„Младински кеј” во Берово, пријавено на 12.02.2021 околу 02.00 часот во Полициската станица Берово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштение се додава дека по извршениот увид од полициски службеници на ОВР Берово и инспектори од СВР Штип, во координација со Јавен обвинител и со наредба од Судија за претходна постапка, извршени се претреси во домовите на трите приведени лица.

-Притоа се извршени разговори со нив, при што лицата појасниле дека извршител на кривичното дело е С.П. од Берово, се додава во полициското соопштение.

Во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Кочани, против С.П. ќе биде изготвена кривична пријава по член 292 од Кривичниот законик за „тешки дела против општата сигурност“ и ќе му биде одредена мерка притвор.

Scroll to Top