Повторно десетмина починати од коронавирус во Скопје, близу 10.000 луѓе се заразени во главниот град

пред 3 години

Уште десет пациенти од Скопје, на возраст од 46 до 79 години, ја загубиле битката со коронавирусот во изминатите 24 часа, со што е израмнет досегашниот црн рекорд на смртни случаи во главниот град во едно деноноќие, покажуваат последните податоци на Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата, во Скопје со опасниот вирус се заразиле 24.109 луѓе, а во градот во моментов има 9.837 активни случаи.

Најмногу активно заразени пациенти и натаму има во општината Гази Баба (1.474), а следат Аеродром со 1.407 и Кисела Вода со 1.196.

Еве ја распределбата на активните случаи на Ковид-19 по општините во Скопје и околината:

• Чаир – 610
• Гази Баба – 1474
• Аеродром -1407
• Карпош – 1188
• Центар – 1180
• Кисела Вода – 1196
• Ѓорче Петров – 823
• Бутел – 552
• Шуто Оризари – 184
• Студеничани – 52
• Сарај – 151
• Арачиново -32
• Илинден – 244
• Сопиште – 66
• Чучер Сандево – 103
• Петровец –126
• Зелениково -73
• Странец – 173
• Нераспределен- 203

Scroll to Top