Пошумување на опожарените површини над велешко езеро „Младост“

пред 3 години

Општина Велес во сабота организира акција за пошумување на опожарениот дел на Езеро „Младост“ кога на 10 хектари се планира да се засадат 12 илјади садници. Во акцијата ќе учествуваат вработените во Општина Велес, вработените во јавните претпријатија и други општински институции и Здруженија на граѓани.

Од Општина Велес ги повикува сите граѓани да се приклучат и да придонесат за враќање на шумата над велешко езеро „Младост“ опожарена во големиот шумски пожар во август 2019 година.

Општина Велес обезбеди и бесплатни автобусите кои ќе тргнуваат: во 10.15 часот на автобуска постојка спроти “ПАН ТАКСИ” и во 10.30 часот на ул. „Гоце Делчев” спроти Основен суд. Од Општина Велес потенцираат дека носењето маска и држењето дистанца се задолжителни. Информираат дека бројот на места во автобусите ќе биде ограничен согласно протоколите за заштита од КОВИД-19.

Инаку во минатогодишната акција за пошумување на опожарените површини која се одржа на 28 декември, на 10 хектари беа засадени 13700 садници од дрвца.

Scroll to Top