Приведен осуденик од велешко баран за затворска казна поради обид за убиство со умисла

пред 3 години

Едно лице од велешкото село Горно Јаболчиште, кое било барано со меѓународна потерница за отслужување затворска казна изречена поради обид за убиство со умисла, вчера е приведено за издржување затворска казна од пет години, соопшти МВР.

„Вчера колу 17 часот од страна на Секторот за меѓународна соработка-Отсек за потрага, во атарот на с.Горно Јаболчиште, општина Чашка, лишен од слобода е Ф.Д. (31) од с.Горно Јаболчиште, кој се барал по распишана централна и меѓународна потерница од Основен суд Велес за сторено кривично дело „убиство“ по чл.123 ст.1 во врска со член 19 и „Предизвикување на општа опасност“ по чл.288 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од пет години и три месеци во КПД Идризово, посочуваат од полицијата.

При преглед кај лицето и возилото што го управувал, пронајдена е прашкаста материја и марихуана, додаваат од МВР.

Scroll to Top