Прекин на сообраќајот во близина на браната Калиманци

пред 3 години

Сообраќајот на патниот правец А3 Кочани-Македонска Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон, известува Ј.П. Македонијапат.

За лесните патнички возила, сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Р2345 Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Р1304 Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Екипите на Ј.П.Македонијапат работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот на овој патен правец.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Scroll to Top