Во прекин сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка-Деве Баир поради судир кај селото Длабочица

пред 3 години

Две патнички возила се судрија вечерва во атарот на селото Длабочица, кривопаланечко, поради што сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка- Деве Баир е целосно во прекин, соопшти МВР.

Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека сообраќајната несреќа се случила околу 20:20 часот, а сообраќајот на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка – Деве Баир е во прекин од 20:30 минути.

Оттаму засега потврдија дека станува збор за две патнички возила, а увидот од страна на екипите на Министерството за внатрешни работи сѐ уште трае.

Портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска најави детали за несреќата по завршувањето на увидот.

Scroll to Top