Премиерот Заев изрази сочувство до Турција во име на македонските граѓани и Владата

пред 4 години

Премиерот Зоран Заев вечерва преку Твитер изрази сочувство до Турција поради силниот земјотрес во кој според последните информации, загинаа најмалку 12 луѓе, а 400 се повредени.

„Вознемирувачки се сликите што пристигнуваат по големиот земјотрес во Измир, Турција.

Во име на граѓаните и Владата на Република Северна Македонија, упатувам најискрено сочувство до фамилиите на жртвите и повредените. Се надеваме на брзо закрепнување од последиците. #Izmir“, напиша Заев на Твитер.

Scroll to Top