Приведени двајца дилери на дрога од Штип

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во полициската станица Свети Николе биле приведени двајца дилери на дрога од Штип.

Од МВР информираат дека вчера околу 21.30 часот на автопатот Миладиновци – Штип, кај клучка Север, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе, во координација со Одделот за криминалистичка полиција, ги лишиле од слобода Ф.А.(19) и А.Н.(20), двајцата од Штип.

При преглед во патничко возило „фолксваген голф“, со штипски регистарски ознаки, кое го управувал Ф.А., а сопатник бил А.Н., била пронајдена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Scroll to Top