Приведени две лица во Кочани при обид за тешка кражба

пред 3 години

Полицијата денеска ги лиши од слобода А.В.(26) од Кочани и 15-годишен малолетник затоа што во 11:30 часот биле затекнати при вршење на кривично дело „тешка кражба“ во обид од плац на ул.„Македонска“ во Кочани.

Како што соопшти МВР, по комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Scroll to Top