Приведени сопственици на два угостителски објекти во Велешта, работеле по дозволеното време

пред 3 години

Полициски службеници од ОВР Струга, во соработка со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, на 25 декември, во времето од 21 до 24 часот, извршија контроли во угостителски објекти во струшкото село Велешта, во врска со Законот за заштита на население од заразни болести и новите одлуки за промени на работното време на угостителските објекти, информира МВР.

– Притоа, констатирано е дека два угостителски објекти, не ги почитувале мерките за работното време до 18 часот и продолжиле со работа и примале гости. Двата објекти веднаш се затворени од ДПИ, а две лица-сопственици на објектите, се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Scroll to Top