Приведени тројца малолетници кои украле златни ланчиња

пред 4 години

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“.

„На 22 септември, во периодот од 10.30 до 11.00 часот на автобуска постојка на улицата 11 Октомври во Скопје, Ј.П(67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот и биле одземени две златни ланчиња. По преземени мерки од страна на полициски службеници сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени ланчињата“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top