Приведено лице барано од турската полиција за убиство

пред 3 години

Полициски службеници од СВР – Скопје вчера во 17 часот на подрачјето на Карпош го лишија од слобода З.С. (47) од Турција со престојувалиште во Скопје, кој се барал по меѓународна потерница за сторено крвично дело „убиство“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Тој бил задржан во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

Scroll to Top