Приведенo лице од тетовско за издржување затворска казна

пред 4 години

Полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода и привеле едно лице од селото Мала Речица, Тетовско, за издржување затворска казна од две години, соопшти МВР.

– Денеска околу 10:00 часот во село Мала Речица, Тетовско, полициски службеници на СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода и привеле Ш.З. (28) од селото Мала Речица, осуден на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР посочуваат дека Ш.З. ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Scroll to Top