Приведено лице од Битола за издржување казна затвор од три години

пред 4 години

Полициски службеници од СВР Битола вчера, врз основа на судска наредба, го привеле 23-годишниот Б.З. од Битола за издржување казна затвор од три години во Казнено-поправната установа Затвор – Прилеп.

Како што информираат од МВР, казната е за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, по член 215 од Кривичниот законик.

Scroll to Top