Приведено лице од Куманово за доиздржување на затворска казна

пред 3 години

Полициски службеници привеле едно лице од Куманово за доиздржување на затворска казна, соопшти МВР.

– На 12 ноември 2020 година во 22:00 часот полициски службеници при СВР Куманово го привеле И.В.(47) од Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, за доиздржување казна затвор од 1 година, 4 месеци и 7 дена, од вкупната затворска казна во траење од 9 години и 5 месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ по чл.237, ст.4 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, пнаведуваат од МВР.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа во Куманово.

Scroll to Top