Приведен агентот за надвижнини, кој продавал еден стан на повеќе лица

пред 3 години

Агентот за недвижнини кој измами повеќе лица, продавајќи им ист стан, денеска е приведен.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него за измама. Против него ќе биде поднесен Предлог за определување мерки на претпазливост – обврска повремено да се јавува кај определено службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова, како и забрана за преземање определени работни активности.

„ Во периодот од мај 2020 година до март 2021 година, осомничениот во повеќе наврати, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, довел и држел во заблуда најмалку седум оштетени граѓани. Со намера за себе да прибави противправна имотна корист, тој како агент во својата агенција за недвижности лажно им прикажувал факти на оштетените дека е овластен од различни сопственици да ги продава нивните станови на други лица. Откако ќе ги огласел становите, ги покажувал пред потенцијалните купувачи, договарал продажба и наплаќал средства на име капар, но потоа не доаѓало до склучување купопродажен договор, а уплатените средства не ги враќал“.

Постапката против осомничениот е во тек, се испитуваат лица и се обезбедуваат и други докази.​​

Scroll to Top