Приведен битолчанец, пронајдена дрога во неговиот дом

пред 3 години

Полициски службеници синоќа привеле лице од Битола, откако при преглед на неговиот дом се пронајдени и одземени три пакувања со амфетамин.

– Синоќа во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода В.К.(32) од Битола затоа што при преглед во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три пакувања со амфетамин, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

В.К бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top