Приведен дилер од кумановско

пред 3 години

Полицијата привела 36-годишен жител на с.Табановце, кај кого била пронајдена дрога.

„ Денеска полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Ј.(36) од с.Табановце, затоа што при извршена контрола во патничко возило „форд фокус“, со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана“ соопшти МВР.

Лицето е приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Scroll to Top