Приведен дилер на хероин од Кичево

пред 3 години

Четириесет и две годишен Кичевец бил приведен откако кај него бил пронајден хероин, информираат од министерството за внатрешни работи.

„Попладнево околу 17 часот, по претходно добиени сознанија, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, го приведоа Б.С. (42) од Кичево, кај кого е пронајден хероин“, објаснуваат од ресорното министерство.

Б.С. е приведен во полициската станица во Кичево и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Scroll to Top