Приведен кичевчанец баран со потерница

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден полициски службеници го привеле четириесет годишниот Џ.Х. од Кичево за кој што била издадена потерница за издржување казна затвор од една година во Казнено-поправната установа Затвор Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението од Министерството се наведува дека лицето е спроведено во затворот во Битола.

Scroll to Top