Приведен тетовец кој бил баран со потерница

пред 3 години

Денеска во 14.50 часот во с.Доброште, Tетовско, полициски службеници од Полициското одделение Теарце, врз основа на судска наредба, го привеле А.А.(62) од с.Доброште, кој се барал со потерница за издржување казна затвор од една година за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 2 од Кривичниот законик.
Toj ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор-Тетово.

Scroll to Top