Приведен криминалец од Скопје осуден на четири години затвор

пред 3 години

Криминалец од Скопје, баран со судска потерница, вчера вечерта е уапсен за издржување заатворска казна.

Од МВР соопштија дека полицајци од одделение за криминалистички работи при МВР на ул.„МАНАПО“ во Скопје го лишијле од слобода Е.М.(24) од Скопје, кој се барал со потерница од Основен суд Скопје 1, за издржување на казна затвор во траење од четири години за кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.

Scroll to Top