Приведен скопјанец – извршил разбојништво во книжарница, а потоа се обидел и во аптека

пред 4 години

Полициски службеници од ОКР Карпош денеска превеле 23-годишен скопјанец.

Тој е осомничен за разбојништво во книжарница на ул. Московска, имал обид за разбојништво во аптека и се сомничи дека извршил тешка кражба на ул. Бранислав Нушиќ.

Против разбојникот, според МВР, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Јавното обвинителство.

Scroll to Top