Приведен разбојник во Скопје поради шест кривични дела

пред 3 години

Полициски службеници синоќа привеле едно лице од Скопје поради сомнение за извршени шест кривични дела во подрачјето на Шуто Оризари и Карпош, соопшти МВР.

– Синоќа во 22:30 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи, Одделение за криминалистички работи Карпош на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода И.Р.(30) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „разбојништво“ извршени во продажни објекти, игротека и аптека на подрачјето на Шуто Оризари и еден обид за разбојништво во аптека на подрачјето на Карпош, посочуваат од МВР.

Оттаму наведуваат дека при извршениот разговор, приведениот ги признал споменатите кривични дела, казниви по член 237 од Кривичниот законик. Посочуваат дека се работи на расчистување и на други кривични дела, по што против И.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Scroll to Top