Приведен сопственик на чајџилница во Тетово

пред 3 години

Полицијата синоќа околу 22 часот и 30 минути привела 59-годишен тетовец, чиј угостителски објект (чајџилница) на улица „Ленин“ во Тетово работел по дозволеното време и во него престојувале пет лица.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело„непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Scroll to Top