Приведен тетовец по распишана потерница за издржување на казна затвор

пред 3 години

На улицата „Ленин“ во Тетово, вчера во 22.15 часот, полициски службеници од СВР Тетово, по распишана потерница и добиена судска наредба, го привеле 48-годишниот Н.А. од Тетово, осуден на казна затвор, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека приведеното лице било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

Scroll to Top