Пронајдено телото на мажот што вчера исчезна во Дренска Река

пред 3 години

Пронајдено е телото на мажот што вчера исчезна во Дренска Река, потврдија од полицијата. Засега не можеа да дадат повеќе детали за случајот. Медицинска екипа на лице место треба да ја утврди состојбата.

Мештанин на селото Дрен вели дека цела вечер полиција, мештани и други луѓе учествувале во потрагата по течението на реката.

-Дренска Река вчера многу надојде наеднаш. Човекот бил уште со двајца други. Сакале да ја поминат реката со џипот. Реката го завлекла џипот. Другите двајца се спасиле, обаснува еден од ретките жители на селото.

Scroll to Top