Растурен собир покрај оган во Орман, приведени учесниците

пред 3 години

Вечерва во 21.15 часот полициски службеници од СВР Скопје затекнале десетина лица покрај оган во скопското село Орман. Лицата се приведуваат во полициска станица и против нив ќе следат соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не организираат какви било собирања односно да ги почитуваат меркита за справување со коронавирусот.

„Согласно Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразна болест Ковид-19 предизвикана од вирусот SARS COV 2, случаите и временскиот период на нивна примена се забранува организација и одржување на прослави на јавни места и површини по повод престојните празници, како и организација и одржување на каков било друг тип на прослави и собирања на отворен и затворен простор од страна на физички и правни лица, особено во периодот од 18 декември 2020 до 21 јануари 2021 година“, соопшти МВР.

Scroll to Top