Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Марија Митева од  ВМРО-ДПМНЕ

пред 4 години

Оставката е повеќе од очекувана и неминовна за губитникот Христијан Мицкоски

Скопје, 2 октомври 2020

Оставката е повеќе од очекувана и неминовна за губитникот Христијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не знае за ништо освен за деструкции, за ширење лажни вести и лицемерна загриженост.

За прв пат во државата се воспоставува сложен и масовен онлајн систем на настава и тоа се прави за исклучително краток рок. Тоа, воедно е најголем напредок во дигитализацијата на образовниот систем.

Наместо конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува деструктивно кон секоја мерка и политика која има за цел справување со предизвиците и последиците од коронавирусот.

Наместо да бара оставки и да се однесува деструктивно кон институциите кои обезбедуваат безбеден наставен процес, ВМРО-ДПМНЕ и членовите треба да побараат оставка од Христијан Мицкоски која впрочем и ја вети ако не победи на изборите и ако не успее да состави влада.

ВМРО-ДПМНЕ најмалку може да зборува за образование кое 10 години свесно го уништуваше, го стави на маргините без да вложи ниту еден денар, додека истовремено трошеше стотици милиони евра на споменици, жални врби и барок.

На граѓаните одамна им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски не може да понуди ништо освен лажни вести, деструкција и неодговорно дејствување на штета и затоа три пати ги казнуваат на избори.

Затоа, оставката на Мицкоски е повеќе од очекувана и неминовна!

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Scroll to Top