Реџепи: Ставовите на Пендаровски се идентични со позициите на владата

пред 3 години

Пратениците на Алијансата на Албанците и Алтернатива сметаат дека ставовите изнесени во денешното годишно обраќање на претседателот на државата Стево Пендаровски во собранието во ништо не се разликуваат од ставовите на Владата и на партиите кои се во мнозинство.

Координаторот на пратеничката група Скендер Реџепи Зејд изјави дека првиот апсект за тоа се однесува на изборниот процес.

-Претседателот ги оквалификува како демократски, меѓутоа, ние ја знаеме вистината. Ние тогаш го кренавме гласот, особено за во албанските оштини и кажавме дека изборниот процес е целосно манипулиран, рече Реџепи.

Вториот аспект, според пратеникот на Алтернатива, е начинот на справувањето со пандемијата.

-Претседателот го карактеризира како добар, вели дека на соодветен начин е интервенирано, меѓутоа, ние уште тогаш, уште од почеток баравме да има посебна Комисија, промена на Комисијата за заразни болести и поставување на комисија во која што ќе дојдат до израз експерти со кои навистина би можело да се најде излезот од пандемијата, особено поради фактот дека ние сме лидери во Европа по процентот на смртност, рече Реџепи.

Третиот апсект која ја потврдува нивната теза според Реџепи се лидерските средби.

Scroll to Top