Русковска: Не верувам дека Мијалков бил болен

пред 3 години

Обвинителката Вилма Русковска рече дека е среќна што ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков сам се пријавил во обвинителството. Таа објасни дека тој преку други луѓе пратил порака дека сака да се пријави, но само во ОЈО.

„ Се консултирав со јавниот обвинител дали сепак да се пријави во полиција. Тој рече дека може да се пријави и кај нас. Мене колку што ми е познато од разговор со претседателот на Судот во претпладневните часови, самиот претседател замоли жалбата да биде повлечена, зашто решението до тогаш не беше спроведено. Да не се губи време и да се поднесе барање на мерка притвор. И Јовевски се согласил. Ќе размислиме дали да побараме затвроски притвор. При разговор со неговиот адвокат констатиравме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението. Апсолутно не верувам дека бил болен“ рече Русковска.

Scroll to Top