Санкционирани 155 возачи во Скопје

пред 3 години

Изречени се 155 мерки во тек на засилените акциски контроли во сообраќајот спроведени вчера на територијата на град Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи

Меѓу изречените мерки осум се за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани и технички неисправни возила, девет за поминување на затворен семафор (црвено светло), три санкции за управување под дејство на алкохол, пет за користење мобилен телефон, а осум мерки за некористење на сигурносен појас.

Засилените сообраќајни контроли од МВР најавуават дека ќе продолжат и во наредните денови.

Исто така од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top