467 санкционирани возачи во Скопје, од кои 101 за пречекорена брзина

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 467 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 60 лица, 101 прекршок за пречекорување на дозволената брзина на движење, 63 технички неисправни и нерегистрирани возила, 74 мерки за непрописно паркирање и 60 возила подигнати со пајак, а изречени се 46 казни за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, известуваат од МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top