557 санкционирани возачи во Скопје, од кои 93 за пречекорена брзина

пред 4 години

Санкционирани се вкупно 557 возачи во Скопје во текот на вчерашниот ден. Од нив, 93 возачи возеле со поголема брзина од дозволената.

Сообраќајната полиција изрекла и 59 санкции за технички неисправни возила и 52 за возење без возачка дозвола, а санкционирани се и 16 мотоциклисти. Изречени се 93 мерки за непрописно паркирање и 70 санкции за неносење на заштитна маска.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top