Санкционирани 258 возачи во Скопје

пред 3 години

Во рамки на акциските контроли во сообраќајот полицијата на подрачјето на Скопје во текот на вчерашниот ден санкционираше 258 возачи, соопшти МВР.

-МВР во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои 16 за возење без возачка дозвола, 9 санкции за некористење на сигурносен појас, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон и 8 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 84 мерки за непрописно паркирање и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 23 санкции, се вели во денешното соопштение од МВР.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top