Во Скопје 333 санкционирани возачи

пред 3 години

Само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 333 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 39 санкции, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Како што денеска информираа од МВР, 25 мерки се изречени за нерегистрирани возила, осум санкции за технички неисправни возила за јавен превоз, 26 мерки за минување на црвено светло, пет санкции за управување под дејство на алкохол, како и 27 мерки за некористење сигурносен појас.

Полицијата казнила и 20 лица за користење мобилен телефон, 52 мерки се изречени за непрописно паркирани возила, 38 возила се подигнати од „пајак“ службата и 21 санкција за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли, најавуваат од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top