Германскиот пратеник Тобијас Цех поднесе оставка затоа што земал пари за лобирање за Груевски

пред 3 години

Уште еден пратеник од конзервативниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел поднесе оставка по информација во списанието „Шпигел“ дека зел пари во замена за лобирање за политичка партија од Република Северна Македонија.

Според изданието, Тобиас Цех, од Христијанско-социјалната унија во Бундестагот, во 2016 година добил петцифрена сума пари за да ја советува партијата на поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.

Понатаму се наведува дека Цех, исто така, лично водел кампања за Груевски, кој подоцна беше осуден за корупција и побегна во Унгарија.

Блокот Меркел веќе изгуби тројца пратеници поради скандалите околу договорите за набавка на заштитни маски.

Scroll to Top