СДСМ: После двете заушки од странство, Мицкоски доби шлаканица и од македонскиот народ

пред 3 години

После двете заушки од странство Мицкоски доби шлаканица и од македонскиот народ, велат од СДСМ како реакција на вечерашните протести на ВМРО-ДПМНЕ на кои се бара оставка од премиерот, Зоран Заев.

„Целосно издиша хистеријата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заснована на лажни вести, лицемерие и лажен патриотизам. Вечерва со дебаклот на таканаречениот протест, стана повеќе од јасно дека на Мицкоски веќе не му веруваат ниту во самата партија, не му веруваат ниту тие 45 присутни во центарот на Скопје, а не пак народот на кој Мицкоски лицемерно се повикува“, велат од СДСМ.

Граѓаните, додаваат од партијата, совршено добро знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата, а кој работи против интересите на државата, како што тоа го прави Мицкоски цели три години.

„Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, велат од СДСМ.

Scroll to Top